(ВИДЕО) Татко на девојката која беше ексхумирана:: Осомничениот ја следел, пријавиле и во полиција

Марија Маринковска, девојката на возраст од 35 години, за која обдукцијата покажа дека починала од насилна смрт, на своето семејство кажала дека осомничениот за убиствата Т.Б. ја следи. Во последниот телефонски разговор, таа му рекла на својот брат дека некој ѝ тропа на вратата и дека многу се плаши, пренесува Радио Бум.

Ова се деталите од потресното сведоштво на нејзиниот татко, Зоран Маринковски, чие семејство поминало низ двоен шок – од погреб со уверување дека станува збор за природна смрт, до страшната вистина по ексхумацијата.

„Ја баравме на телефон на 18 јануари, не се јави. Последен жив ја слушна нашиот син. Му кажала дека некој ѝ тропа на врата и дека многу се плаши“, раскажува Маринковски.

Семејството првично верувало дека причината за смртта се здравствени компликации поврзани со алкохол. Сепак, по сомнежите што се појавиле и текот на истрагата, било наредено телото да биде ексхумирано 40 дена по погребот.

Обдукцијата покажала дека Марија не починала природно, туку станува збор за насилна смрт. Дека Т.Б. ја следи, пријавиле и во полиција. Инаку, Т.Б. се сомничи дека е сериски убиец и дека стои зад пет убиства на жени. Полицијата го уапси по убиството на 78 годишна жена во селото Челопек.

Back to top button
Close