За првпат се огласи мајката на серискиот убиец од кумановско: Мојот Трајчо не е виновен, ни љубоморат бидејќи имаме 250 овци

-Трајчо не е виновен, пасеше овци и беше мирен, но селаните ни љубоморат бидејќи имаме 250 овци. Вака го правдала неговата мајка 25-годишникот осомничен за убиството на една жена од Челопек, а се чека официјална потврда од надлежните институции и за тоа дали стоел и зад други убиства на жени во околината.

Таа за кумановското Бум Радио раскажала дека селаните поради љубомора не ги сакале и го пријавувале син и во полиција за кражби, но не сакала да се снима пред камера.

Додека јавноста очекува официјални информации од службите по повод вознемирувачкиот настан, жителите во Челопек и Драгоманце се плашеле за нивната безбедност и се сомневале дека Трајчо веројатно имал и соучесник.

Како што пренесе кумановското радио, според претседателот на месната заедница во Челопек, Стојан Станковски, сите биле под клуч, бидејќи мештаните биле уверени дека осомничениот не можел сам да ги планира и извршува делата.

Т. Б. од селото Малотино е осомничен дека во периодот од 27 јануари до 12 февруари, на точно неутврден датум, во селото Челопек, Општина Старо Нагоричане, со умисла и на свиреп и подмолен начин ја убил 78-годишна М. С.

35-годишната Марија Маринковска

Поради сличностите во однос на изборот на жртвите и суровиот начин на извршување на делото, се испитува дали и во други случаи станува збор за убиства извршени од истиот сторител, кажаа од Обвинителството.

Се уште се чекаат официјални резултати од обукцијата на 35-годишната Марија Маринковска од Куманово, која беше ексхумирна за да се утврди причината за нејзината смрт, која во минатото се жалела дека Трајчо ја следел.

Извор: newz24live.com

Back to top button
Close