Јавна дебата во Калифорнија за репарации за Афроамериканците робови

 Властите на американската сојузна држава Калифорнија разгледуваат можности за обесштетување, поточно репарации за потомците на Афроамериканците кои во минатото биле робови.

Ако тие 20 хектари и мазгата што им била ветена на ослободените робови денес им биде дадена на потомците на тие робови, сите ќе бидеме милијардери. Слушам како многу луѓе велат: „Е па, јас не сум поседувал роб, тоа било одамна“. Па, наследници сте на богатство – можете и да го преземете долгот кон Афроамериканците, истакна Стивен Бредфорд, сенатор од Калифорнија, од Демократската партија.

Сѐ ова се случува во светло на протестите против полициското насилство во САД и најновите неколку случаи на насилство врз црнци од страна на полицијата, што се случија неодамна.

Back to top button
Close