Њујорк Тајмс: Американски „Tомахавк“ погоди училиште во Иран кога беа убиени 175 лица

Видеа, сателитските фотографии и објави на социјалните мрежи укажуваат дека на 28 февруари, американска ракета „Томахавк“ погодила иранско основно училиште во Минаб, при што загинале 175 лица, од кои повеќето деца, пишува денескa Њујорк Тајмс.

На таков заклучок укажува видео објавено во неделата од полуофицијалната иранска агенција Мер и потврдено од Њујорк Тајмс. Снимката покажува како крстосувачка ракета „Томахавк“ погодува поморска база веднаш до училиште во Минаб.

Американската војска е единствената сила вклучена во конфликтот на Блискиот Исток што користи ракети „Томахавк“.

Според достапниот материјал, училишната зграда била тешко оштетена во нападот со „Tомахавк“, кој се случил истовремено со нападите врз поморската база контролирана од Иранската револуционерна гарда.

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека Пентагон го истражува случајот.

Back to top button
Close