Битиќи- Многу брзо ќе одговорам на понудата потпредседател на СДСМ

Јас имам коректни и професионално односи со председателот Венко Филипче рече за 360 пратеникот Фатмир Битиќи.

Тој појасни дека не седнал на масата на Платформата предводена од Игор Ивановски биејки смета дека спротивставените страни во СДСМ требе прво да разговараат за правецот на социјалдемократијата а не е поборник дека проблемите ќе се решат ако прво се бара и се направи смена на лидерот.

 

Не сум седнал на масата на платформата но не и во раководството на СДСМ рече Битиќи.

Прашан дали веќе добил понуда од Филипче тој потврди дека добил и размислува а многу бргу ќе одговори дали ја прифаќа поозицијата потпредседател во СДСМ.

Битиќи потсети дека по изборите во 2024 и лошиот изборен резултат бил прв кој дал оставка од потпредседателската позиција во партијата но сега размислува дали пофторно да ја прифати понудата од председателот Филипче.

Односите со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Битиќи ги оценува како коректни и професионални. А на прашањето за начинот на политичка комуникација на партискиот лидер кога во еден од јавните настапи премиерот го нарече „идиот“, а за членовите на Платформата 12:05 рече дека ќе ги прегази како шлепер жаба, Битиќи вели дека е одговор на вокабуларот што го воспостави премиерот Христијан Мицкоски.

„Сега кажав како е официјалниот став. Дека е одговор на тоа што некој го почна. Ако ме прашувате дали сметам дека за социјалдемократ таков речник е вообичаен, сметам дека не. Ние треба да бидеме различни, да покажеме друга политичка култура и затоа што иако во овој момент можеби, резултатот на таквата политичка култура којашто е малце поинаква од ВМРО-ДПМНЕ не носи резултати, јас сум сигурен дека на среден рок ќе донесе резултати“,вели Битиќи.

Во однос на меѓусебните обвинувања кои си ги упатуваат Филипче и поддржувачите на Платформата 12:05 и што е тоа што кај него, сепак, влева надеж за дијалог, Битиќи вели дека очекува кај двете страни да преовладаат интересите за доброто на партијата.

Битиќи: Па јас сум убеден, верувајте убеден сум дека луѓето коишто ја сакаат партијата, ги почитуваат, ги сакаат социјалдемократските вредности, дека во суштина ќе се издигнат над можеби вообичаените, еве да не ги наречам со некој лош збор, надвор дневните нелагодности и ќе кажат океј, ќе оставиме се ова на страна, ајде да седнеме на маса, да видиме што е добро за партијата. Тоа се уште ми дава одреден оптимизам дека заедничката маса е решението.

„360 степени“: Ако тоа не се случи?

Битиќи: Па можеби само ќе им посакам среќа на двете страни.

Back to top button
Close