МВР со детали: Пешак прегазен на автопатот Градско-Велес, возачот побегнал
77-годишен маж бил пронајден починат покрај автопатот Градско-Велес, откако бил прегазен од возило чиј возач го напуштил местото на несреќата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На 05.10.2026 околу 05:30 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Градско-Велес, на место викано „Штипска клучка“, патничко возило удрило во пешакот С.М.(77) од село Мамутчево, велешко, по што возачот со возилото го напуштил местото. Од здобиените повреди пешакот С.М. починал на местото, а лекар констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено во Судска медицина за обдукција“, соопштија од МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.






