(ВИДЕО) Фрчкоски: „Руднап” и Божиновска се клучниот линк, АКТ на СДСМ откри нов дел од бизнис мрежата на Мицкоски

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Денеска Антикорупцискиот тим на СДСМ открива нов дел, уште еден сегмент од бизнис мрежата на Мицкоски во енергетиката.

Ќе почнеме од таму каде што застанавме. Бизнис релациите на Адамовиќ водат до Кипар и офшор компанија поврзана со енергетиката.

А преку Кипар доаѓаме и до уште една компанија – „Altaria Research Limited”.

Краен сопственик на Altaria Research Limited е „Руднап груп”, холдинг компанија во сопственост на Војин Лазаревиќ, енергетски магнат и српски бизнисмен.

Ова е клучната компанија.

Кој е поврзан со Руднап груп во Владата на Мицкоски?

Сања Божиновска, министерката за енергетика.

Божиновска е директно поврзана со „Руднап груп”, каде што била извршен директор и била одговорна за активности во Србија, Македонија, Бугарија и други земји во регионот.

Станува збор за фирма која управува со компании во Централна и Источна Европа за трговија со електрична енергија.

Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ” Скопје, каде што била управител.

„Руднап” е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија.

Од овде почнува одмотувањето на ова енергетско клопче на фирми и релации.

Ова е клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски.

Дали сега е појасно зошто се создаде ново министерство и зошто токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Актуелно е и назначувањето на пензионер, пријател на таткото на Мицкоски, во РЕК овие денови.

Уште една алка во мрежата. Особено што бил советник на Божиновска.

Сè што граѓаните треба да знаат е дека кога РЕК Битола не работи, се увезува скапа струја. А кога се увезува скапа струја, некој профитира.

Сè е бизнис за Мицкоски.

Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја.

Антикорупцискиот тим на СДСМ продолжува со работа.

Сè ќе објавиме!

Back to top button
Close