Мециновиќ со критика до власта: Кога тие владејат – другите да молчат

Пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, ја критикуваше власта поради изјавите дека барањата на синдикатите за повисоки плати се политички мотивирани.

Во објава на социјалните мрежи, Мециновиќ се осврна на ставовите на премиерот Христијан Мицкоски, како и на изјавите на претседателот на Собранието Африм Гаши и претседателката на државата Гордана Силјановска-Давкова, кои, според него, повикуваат општествените проблеми да не се политизираат.

Тој се осврна и на изјава на министерот за култура Зоран Љутков, кој неодамна оцени дека настапите на Синдикатот за култура претставуваат „еден вид политичко дејствување“.

„Заклучокот е дека откако тие ќе се устоличат политички – ние останатите треба да се откажеме од политичкото, за тие мирно да владеат“, напиша Мециновиќ.

Според него, како што политички се привилегиите и институционалната моќ на власта, така политичко е и синдикалното и опозициското организирање на граѓаните.

На крајот од пораката, Мециновиќ ги повика граѓаните да се организираат и да се спротивстават на, како што наведе, обидите за ограничување на општественото делување.

Извор: skopje1.mk 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close