(Видео) Избегната трагедија во Хрватска – се урна кош

Шокантна сцена се случи на натпреварот меѓу Кварнер и Сплит во Ријека, кога за малку беше избегната сериозна несреќа на теренот.
Инцидентот се случи при резултат 48-47 за домашниот тим. Центарот на гостите, Демајо Вигинс, атрактивно заби и во моментот кога се задржа на обрачот, попушти конструкцијата на кошот, која се урна на паркетот.
Сцените предизвикаа загриженост кај сите присутни во салата. Сепак, Вигинс успеа навреме да реагира и да избегне конструкцијата да падне врз него.
Веднаш потоа до него притрчаа соиграчите и противничките кошаркари за да проверат дали е во ред. Според првичните информации, кошаркарот за среќа не се здобил со некаква повреда.
Извор: infomax.mk






