МВР: Кривични пријави за три угостителски објекти во Аеродром, служеле алкохол на малолетници


Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници.

Како што соопштуваат од МВР, контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ „Точење алкохол на малолетници”.

Back to top button
Close