(ВИДЕО) Во друштво на Мицковски и Дурмиши Јанева пак новинар од Тетово ја праша си носи ли преведувач

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со градоначалникот на Тетово Билал Касами, министерката за образование Весна Јаневска денеска присуствуваа на свеченото пуштање во употреба на реконструираниот Регионален центар за средно стручно образование „Моша Пијаде“ во Општина Тетово.

Пред министерката Јаневска да даде изјава за медиумите, еден од новинарите ја праша дали си земала преведувач.

„Не“, одговори Јаневска.

На забелешката дека претходно ѝ било укажано да понесе преведувач при посета на Тетово, министерката возврати:

„Не ми треба. Јас не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, додаде Јаневска.

Претходно, при посета на Тетово од страна на новинарите и беше посочено на министерката да си земе преведувач на што таа одговори дека во Македонија има еден службен јазик и не треба да има преведувач објави Скопје1.мк

Back to top button
Close