Шопска шоу со Томче – ново викенд доживување и гурмански спектакл на канал 5 телевизија


Новата емисија „Шопска шоу со Томче“, која пред само две недели започна да се емитува на Канал 5 телевизија, веќе го привлекува вниманието на публиката и полека, но сигурно се претвора во вистински телевизиски хит.

Со свеж концепт, динамичен ритам и автентичен пристап, Томче ги носи гледачите на едно уникатно патување низ цела Македонија. Од урбани кафулиња, сендвич барови, Ланч Бар локации, пекари па се до традиционални кујни, од утринско кафе, убав доручек, мезе или здрав оброк до богат ручек – секоја епизода претставува вистински спектакл од вкусови, мириси, специјалитети и приказни.

„Шопска шоу со Томче“ не е само емисија – тоа е викенд доживување. Прошетка низ македонската кујна, култура, гастрономија и начин на живот. Преку непосреден контакт со луѓето, локалните специјалитети и прекрасните предели, емисијата создава чувство на блискост, гордост и уживање.

Секоја сабота и недела од 10:00 часот, гледачите имаат можност да уживаат во нова авантура, додека репризите се емитуваат во вторник и четврток од 11:00 часот.

Бидете дел од оваа приказна, откријте нови места, вкусови и доживувања – и не заборавајте да ја следите емисијата „Шопска шоу со Томче“ на социјалните мрежи: Facebook, Instagram и YouTube.

„Шопска шоу со Томче“ – вкусот на Македонија, раскажан на најубав начин.

Back to top button
Close