Лек против епилепсија, чие производство е прекинато, за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар

Лекот „топирамат“ за лекување епилепсија, мигрена и главоболки е недостапен поради тоа што компанијата „Белупо“ од Хрватска прекина со негово производство – изјави денеска генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

– „Белупо“, кој е единствениот што го има регистрирано лекот во Македонија, вети дека за три недели ќе биде достапен на македонскиот пазар – рече Клековски.

Back to top button
Close