Брнабиќ ја обвини опозицијата: „Не бараат избори за демократија, туку за конфликти“

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, остро ја критикуваше опозицијата, тврдејќи дека барањата за избори не се мотивирани од демократски принципи, туку од, како што наведе, намера за поттикнување граѓански конфликти.
Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ напиша дека опозицијата ги користи изборите како средство за политичка мобилизација, а не како начин за изразување на волјата на граѓаните.
„Не бараат избори за демократија, туку за да повикуваат на граѓански судири. Изборите им се начин да се ‘допумпаат’, а не да ја слушнат волјата на народот“, порача таа.
Нејзината реакција следуваше по изјавата на советникот во Собранието на Нови Сад, Миран Погачар, кој повика на поширока мобилизација во повеќе градови, наведувајќи дека „Србија мора да биде подготвена да ја брани народната волја“.
Размената на остри пораки доаѓа во контекст на зголемени тензии и инциденти поврзани со локалните избори во повеќе градови во Србија, каде денот на гласање е проследен со обвинувања, притисоци и физички пресметки.
Извор: skopje1.mk





