Боруџерди: Иранскиот парламент расправа за повлекување од Договорот за неширење на нуклаерното оружје

Влијателниот ирански тврдокорен политичар Алаедин Боруџерди повика Иран да се повлече од клучниот договор за неширење на нуклеарното оружје по бомбардирањето неколку нуклеарни објекти од страна на Израел и САД – објави денеска државната телевизија, пренесува ДПА.

Дипломатот во интервју за државната телевизија рече дека во парламентот се расправа за повлекување од Договорот за неширење на нуклеарното оружје (NPT).

Како членка на меѓународните договори, Иран има преземено обврска за надзор над своите нуклеарни активности и го увери светот дека не се стреми кон нуклеарно оружје, рече тој.

Но, додаде, овие договори не беа наменети Иран „да ги прифати најстрогите инспекции, а да не добие никаква поддршка“.

Боруџерди исто така упати остра критика кон Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ).

„Многумина сметаат дека овие агенциски инспекции го отвораат патот за шпионажа“, рече Боруџерди. „Според мене, дојде време да се повлечеме од NPT“.

NPT им забранува на земјите без нуклеарен арсенал да добиваат нуклеарно оружје. Иранската влада претходно се закани дека ќе се повлече од овој договор.

Конечната одлука за ова прашање веројатно нема да ја донесе парламентот, туку Советот за национална безбедност или врховниот лидер, духовниот и политички лидер во земјата, пренесува ДПА.

Back to top button
Close