Седница на ДКСК, ќе се разгледува извештајот за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 30-тата седница, на чиј дневен ред се повеќе точки меѓу кои и Годишен извештај за работа на ДКСК за 2025.

Антикорупционерите треба да го разгледаат и годишниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.2025 година до 31.12.2025 година, како и завршниот извештај за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за целокупниот петгодишен период.

На дневен ред е и посебниот Извештај за утврдени состојби во финансирањето на изборната кампања повторни избори 2026, како и постапување по пријави од укажувачи.

Back to top button
Close