Вработените во МВР со зголемени плати линеарно за сите исто

Вработените во МВР ќе добијат зголемена мартовска плата.

– Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2.470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026, информираа оттаму и додаваат:

– Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува да ги подобрува условите за работа и стандардот на македонската полиција, а со тоа и целокупната безбедноста на државата и граѓаните.

Back to top button
Close