Вработените во министерство за правда ќе земаат поголеми плати

Министерот за правда Игор Филков заедно со Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани ( УПОЗ) и Синдикатот на администрација, државна управа и правосудство (САДУ ) го потпишаа Колективниот договор со кој административните службеници ќе добијат етапно зголемување на платите кое до 2028 година ќе достигне вкупно 21%.

Според договорената динамика, зголемувањето ќе се реализира во три фази:

7%зголемување од 1 март 2026 година;

7% дополнително зголемување од 1 март 2027 година;

7% дополнително зголемување од 1 март 2028 година.

Колективниот договор дополнително предвидува:

-Додатоци за ноќна смена, работа во смени, работа за време на неделен одмор, за време на празници, како и работа подолга од полното работно време.

-Јубилејни награди

-Регрес за годишен одмор

-Заштита од вознемирување на работното место

-Мерки за безбедност и здравје при работа

За вработените во Министерството за правда ова значи поголема мотивација, но и зголемена одговорност,ефикасност и професионалност во секојдневната работа, како и повисок квалитет на услугите кон граѓаните.

Back to top button
Close