Скопјанка тешко повредена од удар од тротинет
Педесет и пет годишна скопјанка е тешко повредена откако била удрена од тротинет на бул. „Партизански одреди“ во Скопје.

– Во СВР Скопје вчера во 16 часот е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, Ф.Е.Т.(22) од Турција, управувајќи тротинет, удрил во пешакот К.Б.(55) од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила К.Б., констатирани во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје, информира МВР во дневниот Билтен.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот Ф.Е.Т






