Дрзок разбојник ѝ скинал ланче од вратот на скопјанка на постојка во Центар
Крадец вчера претпладне насила ѝ истргнал ланче од вратот на скопјанка, соопшти полицијата. Инцидентот се случил на автобуска постојка во центарот на Скопје.

На 10.04.2026 во 20:30 часот во СВР Скопје, С.М. од Скопје пријави дека околу 10:30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело накитот што го носела. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата






