Противникот на Орбан со остра порака за изборните нерегуларности: „Препорачувам никој да не оди во затвор наместо мафијата на Фидес“

Лидерот на опозициското движење Тиса, Петер Маѓар, по гласањето во Будимпешта упати остри пораки до власта, обвинувајќи ја за можни изборни нерегуларности и повикувајќи на строга примена на законот.
Маѓар, кој гласаше во детска градинка во 12. округ на Будимпешта, изјави дека очекува рекордна излезност и предупреди дека на одредени избирачки места резултатот може да биде решен со само еден или два гласа.
Тој откри дека преку партиската веб-страница досега се примени околу 60 пријави за изборни неправилности и ги повика надлежните институции да постапуваат согласно законот и својата заклетва.
„Не препорачувам никому да оди во затвор наместо мафијата на Фидес“, порача Маѓар, испраќајќи директна критика кон владејачката структура.
Изјавата доаѓа во момент на зголемени политички тензии и неизвесност околу исходот од изборите во Унгарија, кои се сметаат за едни од најнеизвесните во последните години.
Извор: skopje1.mk






