Филипче: Велигден е симбол на спасението, кој ни дава сила за нови почетоци

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на сите верници од православната вероисповед им го честита денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.

-Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците.

Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.

Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани.

Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.

Христос Воскресна! Навистина Воскресна!
За многу години Велигден!, напиша Филипче.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close