Вучиќ најави „експлозија“ на производство на дронови во Србија

Александар Вучиќ изјави дека очекува „експлозија“ во производството на дронови во Србија, најавувајќи и засилена дигитализација на вооружените сили.

По состанокот со највисокото раководство на Министерството за одбрана и Армијата, тој истакна дека државата во наредниот период ќе потпише големи договори за набавка на воена опрема и дека веќе се направени значајни нарачки за модернизација на војската.

Вучиќ наведе дека пополнетоста на армиските редови е на највисоко ниво досега и дека се бележи напредок во повеќе сегменти на одбранбениот систем, иако, како што рече, лично не е целосно задоволен од постигнатото ниво.

Тој додаде дека Србија ќе продолжи да инвестира во развој на домашни воени капацитети, со посебен фокус на беспилотни системи и дигитални технологии во армијата.

Back to top button
Close