Лавров: Не разбирам како некој може да верува во уништување на Иран

Невозможно е да се верува во уништување на Иран, а убедувањето на одредени земји во спротивното отвора сериозни прашања, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров по официјалната посета на Кина.

(Yuri Kochetkov/Pool Photo via AP)

„Како и во секој друг конфликт, основната причина е оваа агресивна политика. Зад неа стојат два фактори. За Израел тоа, секако, е непоколебливото уверување дека Иран мора да биде уништен. Како некој може да верува во ова, не знам, не разбирам“, изјави министерот.

Тој посочи дека и американскиот претседател Доналд Трамп некогаш се заканил дека ќе „ја уништи оваа цивилизација“.

„Знаете каква реакција предизвика тоа“, додаде Лавров.

Според неговите зборови, ваквото идеолошко движење има за цел уривање на режим што „ја олицетворува културата и цивилизацијата што постои илјадници години“.

„Таквата цел сама по себе не може да предизвика почит, ниту од аспект на универзалните човечки вредности, ниту од аспект на верувањето во нејзината остварливост“, нагласи рускиот министер за надворешни работи

Back to top button
Close