Трамп побарал од Шји, Кина да не му доставува оружје на Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Фокс бизнис нетворк“ изјави дека побарал од кинескиот колега Шји Џјипинг, Пекинг да не доставува оружје на Иран.
– Му испратив писмо во кое го замолив да не го прави тоа, а тој ми напиша писмо во кое во основа вели дека нема да го прави тоа, истакна Трамп.
Трамп ќе го посети Пекинг на 14 и 15 мај. Првично беше закажано да се сретне со Шји кон крајот на минатиот месец или почетокот на овој месец, но посетата беше одложена поради војната на Блискиот Исток.
На прашањето дали зголемените цени на нафтата поради војната на Блискиот Исток, американската операција во Венецуела и изјавите на администрацијата за Куба ќе го променат тонот на средбата со Шји, Трамп посочи: „Не мислам така. Нему му треба нафта, а не мене. Ова е личност со која се сложувам многу добро. Ми испрати многу убаво писмо“.
Трамп, исто така, истакна дека не добил „никакви“ приговори од Кина или Саудиска Арабија на неговата одлука да ја блокира Ормуска Теснина.






