(ВИДЕО) Димитријевиќ:  СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Христијан Мицкоски повеќе не се крие –тој е обвинител, судија, кој однапред нарачува судски процеси против опозицијата и неистомислениците.

Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија.

Неговото „имам чувство” го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста.

Но, ова е скандал од невидени размери и претставува целосно уривање на правниот и уставниот поредок и за ова мора да понесе одговорност.

Изјавата на Мицкоски е сигнал дека судството и обвинителсвото се претворени во алатка за политичка одмазда и прогон на неистомислениците.

Методи својствени на авторитарни режими какви што демократскиот систем не познава.

Затоа, СДСМ денеска поднесе Кривичната пријава против Христијан Мицкоски за кривични дела:

-Злоупотреба на службената положба и овластување (Член 353, ст. 1 од КЗ)

-Повреда на рамноправноста на граѓаните (Член 137, ст. 1 и ст. 2 од КЗ)

-Загрозување на сигурноста (Член 143, ст. 1 од КЗ)

Бараме Јавното обвинителство веднаш да постапи по кривичната пријава, да го повика Мицкоски на распит и да се спречи понатамошно загрозување на правниот поредок.

Нека докаже Јавното обвинителство дека никој не е над законите и дека може независно да постапува а не само по нарачки.

СДСМ нема да се повлече пред заканите.

Мицкоски нарачува процеси мислејќи дека со тоа ќе нè исплаши и ќе ја запре нашата борба против неговата криминална организација.

Се лаже! Нема да запреме! Не се плашиме!

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!

Back to top button
Close