Пукање во Киев: има загинати и повредени

Во Киев се случи вооружен инцидент во кој маж отворил оган во една градска населба, при што загинаа две лица, а уште петмина биле ранети, соопшти градоначалникот на градот Виталиј Кличко.

Според неговата изјава објавена на Телеграм, инцидентот се случил во населбата Холосиевски, каде што напаѓачот најпрво пукал на улица, а потоа се повлекол и се затворил во супермаркет. Кличко наведе дека во тек е специјална полициска операција за негово приведување.

Медицинските служби потврдија дека досега се регистрирани две жртви, додека пет лица се повредени. Според властите, пукањето продолжило и внатре во супермаркетот, по што безбедносните служби ја опколиле локацијата и се обидуваат да ја стават ситуацијата под контрола, објави Скопје1.мк.

Back to top button
Close