(Видео) „Марш на ангелите” во Штип: Ова не е само марш, ова е чекор за сеќавање, чекор за правда

Родителите и блиските на загинатите и повредените, денеска во Штип излегоа на улица да го изразат својот револт и да побараат правда за 63 те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани пред една година.
Здружението „16 Март“ повика на поддршка од граѓаните во барањето правда како и поддршка за повредените. Маршот започна од плоштадот „Слобода“ во Штип.
View this post on Instagram
„Ова не е само марш, ова е чекор за сеќавање, чекор за правда. Ќе чекориме достоинствено и гласно, ќе потсетиме дека нашите најмили не смеат да бидат заборавени и дека правдата не смее да доцни“, велат блиските и од здружението „16 Март“.
Тие велат дека нема да дозволат да се заборави трагедијата, бараат одговорност за оние што дозволиле клуб без дозвола да работи, за сите што со своето молчење учествувале во ова злосторство, објави Скопје1.мк.






