Маѓар: Орбан сè уште не е способен да преземе одговорност

Лидерот на партијата Тиса – Петер Маѓар, кој е идниот мандатар за состав на новата унгарска влада откако неговата партија освои двотретинско мнозинство на парламентарните избори, денес изјави дека премиерот во заминување Виктор Орбан сè уште не е способен да преземе одговорност, во врска со неговата најава дека ќе го врати парламентарниот мандат што го освои на изборите.
„Храбриот уличен борец сè уште не е способен за едно нешто, да преземе одговорност. Виктор Орбан стана поранешниот социјалистички премиер на Фидес. Нема демократска опозиција со шефот на мафијата“, рече Маѓар во објава на Фејсбук, пренесува MTI.
Орбан ја предводеше заедничката листа на Фидес и КДНП на парламентарните избори на 12 април, на кои Тиса освои 141 пратенички места, Фидес-КДНП 52 места.
Извор: fokus.mk






