Малолетник меѓу уапсените за лажни дојави за бомби во Хрватска
Хрватската полиција приведе најмалку три млади лица, меѓу кои и еден малолетник, во рамки на истрага за серија лажни дојави за поставени експлозивни направи на повеќе локации низ земјата.

Според неофицијални информации, малолетникот е уапсен во Загреб под сомнение дека испраќал заканувачки е-пораки до неколку училишта во градот. Во исто време, две млади лица се приведени и во далматинскиот регион.
Акцијата е дел од поширока истрага што ја спроведуваат полицијата и надлежните служби за расчистување на случаите со лажни пријави за бомби.






