Иран е подготвен за разговори со САД, но под еден услов

Иран е подготвен за разговори со САД, но само под услов Вашингтон да го промени своето однесување, е пораката што иранскиот министер за надворешни работи ја испрати денеска преку Јапонија, пишува Скај њуз.

Во телефонски разговор со јапонската премиерка Санае Такаичи, иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повтори ставот на Техеран дека несигурноста во регионот произлегува од американските дејствија. Тој се осврна на блокадата на Ормуската Теснина, која ја нарече „американско поморско пиратство“.

Иранските државни медиуми го цитираа како вели: „Иран е подготвен да продолжи преку дипломатија и преговори ако Вашингтон го промени своето однесување“.

И иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска разговараше со јапонската лидерка. Според извештаите на државните медиуми, тој исто така нагласи дека дејствијата на Израел и САД се одговорни за нестабилноста во регионот.

Позициите на Техеран по ова прашање не се нови и биле соопштени и претходно. Сепак, преговорите се во застој бидејќи САД не се откажуваат од блокадата, додека Иран одбива дипломатски контакти додека не се променат овие услови.

Back to top button
Close