Најмалку девет лица загинаа во израелски напади во јужен Либан
Најмалку девет лица загинаа утрово во израелски напади во јужен Либан, објавија либанските медиуми.
Најмалку три лица загинале, а седум се повредени во израелски напад врз станбена зграда во Џебчит во јужен Либан, северно од реката Литани, објави Ал џезира.
Се известува дека четири лица загинале, а шест се ранети во израелскиот напад во градот Тулу, додека две лица загинале во напад врз градот Харуф во јужен Либан.
Повеќе од 2.500 лица се убиени во израелските воздушни напади низ Либан од 2 март, кога либанската милитантна група Хезболах отвори оган врз израелски позиции, што го натера Израел да одговори со серија воздушни и копнени напади.






