ВРЕДИ: Достоинствената работа заслужува праведна плата и достоинствени услови
Денес, на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, ја оддаваме почитта на потта, трудот и жртвата на секој човек кој со своите раце ја гради иднината на нашата земја. Овој ден не е само симболика, туку постојан потсетник дека достоинството на трудот мора да се брани секој ден, со решителност и со конкретни дела, се наведува во соопштението од ВРЕДИ.

Како ВЛЕН, го реафирмираме нашиот непоколеблив ангажман за правата на работниците, за праведни плати и за достоинствени услови на работното место. Веруваме дека секоја капка пот заслужува праведен надомест, секој труд заслужува почит, и секој работник заслужува живот со достоинство.
Презедовме конкретни чекори: ја зголемивме минималната плата на 26.400 денари нето, важен чекор кон подобрување на животниот стандард и намалување на нееднаквостите. Ги зголемивме платите на здравствените работници, наставниците… и презедовме значајни мерки за поддршка на различни категории во општеството.
За нашите пензионери обезбедивме зголемување од +7.000 денари за над 340.000 корисници, со што се подобрува нивната благосостојба и економска сигурност. Во областа на вработувањето, усвоивме рекорден Оперативен план од 40 милиони евра, кој вклучува конкретни мерки за над 16.000 граѓани за вработување и самовработување.
Поддршката за претприемништвото исто така е во нашиот фокус: нудиме грантови до 20.000 евра за бизнис идеи и самовработување, поттикнувајќи создавање нови бизниси и економски развој. За домашните компании ставивме на располагање 250 милиони евра за инвестиции и развој, со цел зголемување на конкурентноста и отворање нови работни места.
Во земјоделскиот сектор, ги поддржуваме младите со грантови од 10.000 евра за започнување земјоделски активности, давајќи живот на руралните средини и зајакнувајќи го домашното производство. Во меѓувреме, во здравството отворивме нови работни места за здравствени кадри, вклучително 600 позиции за специјалисти и специјализанти, како инвестиција во квалитетот на услугите за граѓаните. Но ова е само почеток. Не застануваме тука.
ВЛЕН ќе продолжи со целосна посветеност за понатамошно зголемување на платите, за подобрување на условите за работа, за безбедност на работното место и за создавање економија која го вреднува трудот и човекот. Ќе се бориме за политики кои го ставаат работникот во центарот, кои ги штитат правата и создаваат одржлива благосостојба за секое семејство. Затоа што силна држава се гради врз почитувани работници. Праведно општество се гради врз вреднувана пот и награден труд.
Денес, повеќе од кога било, да се обединиме околу овие вредности. Да работиме заедно за иднина каде што трудот не е само преживување, туку достоинство, сигурност и гордост.
Среќен 1 Мај!






