43-годишен маж сам се повредил со воздушна пушка, итно пренесен во болница

На 30.04.2026 во 08:55 часот во ОВР Кочани од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен А.Г.(43) од Кочани, кој, според пријавеното, самиот се повредил со воздушна пушка.

Тој бил препратен во Клиничкиот центар Штип, а извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close