Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД


Белата куќа денеска соопшти дека нема да изнесува детали за приватни дипломатски разговори, одговарајќи на прашањето за новиот предлог на Иран упатен до САД преку посредникот Пакистан.

– Не изнесуваме детали за приватни дипломатски разговори. Претседателот Доналд Трамп јасно стави до знаење дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје, а преговорите продолжуваат со цел да се обезбеди краткорочната и долгорочната национална безбедност на САД – изјави портпаролката на Белата куќа, Ана Кили за Ројтерс.

Иран претходно денеска достави нов предлог за преговарачка рамка до Пакистан, кој е посредник во процесот на мировните преговори меѓу Техеран и САД, јави ИРНА повикувајќи се на ирански дипломатски извори. Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Есмаил Багеи, изјави дека прекинот на војната и постигнувањето траен мир се приоритет на Техеран во разговорите со Вашингтон.

Back to top button
Close