(Видео) Се урна хеликоптер во Тајланд, има повеќе повредени лица

Во округот Муанг, во провинцијата Самут Пракан, во централниот дел на Тајланд, утринава се урна хеликоптер, а според првичните информации, има повеќе повредени лица.
Локалниот Центар за итни интервенции примил пријава околу 9:10 часот за пад на хеликоптер со непознат сопственик во областа зад поштенското биро во административната единица Тамбон Тај Бан, пренесува дневникот „Бангкок пост“.
Според првите извештаи од местото на несреќата, потврдено е дека има повеќе повредени, но засега не е познат точниот број ниту тежината на нивните повреди.
Екипи на итната медицинска помош веднаш се упатиле на терен за да им укажат помош на повредените и да ги пренесат во блиските болници. Спасувачките служби и надлежните власти го обезбедиле подрачјето, а во тек е истрага за утврдување на сопственикот на леталото и причините за несреќата.
เมื่อเวลา 09.10 น. รับแจ้งเหตุ เฮลิคอปเตอร์ตก หลังปั้ม ปตท. ใกล้เคียงสถานีศูนย์ซ่อม BTS ถนนสุขุมวิท ในพื้นที่สมุทรปราการ
.
เบื้องต้นมีผู้บาดเจ็บ เจ้าหน้าที่กู้ภัยและหน่วยงานที่เกี่ยวข้องอยู่ระหว่างเร่งเข้าตรวจสอบ หากมีความคืบหน้าจะรายงานให้ทราบต่อไป(Cr.ศูนย์บรรเทาภัยป้อมชน ,… pic.twitter.com/hMK2q9OXJb
— JS100Radio (@js100radio) May 3, 2026
Извор: skopje1.mk






