(ВИДЕО) Сопругата на израелски министер му подарила торта за роденден со златна
Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, го прославил својот 50. роденден со торта на која имало симбол на златна јамка, што предизвика силни реакции во јавноста и медиумите.
עוגת היומלדת 50 של השר בן גביר pic.twitter.com/XExeZgKrsg
— חזקי ברוך (@HezkeiB) May 2, 2026
На снимки објавени на социјалните мрежи се гледа како Бен-Гвир ја прима тортата од сопругата, Ајала Бен-Гвир, на која покрај симболот стои и порака „Среќен роденден“, со додаток „Понекогаш соништата се остваруваат“. За време на прославата, тој носел и значка со истиот симбол.
Настанот, според медиумските извештаи, се одржал во приватна вила на југот од Израел, а присуствувале и високи државни претставници и службени лица од полицијата и затворскиот систем.
Златната јамка претставува контроверзен симбол поврзан со политичката партија Оцма Јехудит, која се залага за построги казни, вклучително и смртна казна за одредени случаи на тероризам.
Според податоци на весникот Хаарец, во периодот околу прославата, во Израел биле регистрирани нови насилни инциденти, при што бројот на жртви од почетокот на годината достигнал над 100 лица.
Настанот дополнително отвори политички и етички дебати поради присуството на службени претставници на прославата и симболиката што била користена





