Два брода под американско знаме успешно поминаа низ Ормуската Теснина

Централната команда на американските Ввооружени сили (ЦЕНТКОМ) денеска објави дека два трговски брода под американско знаме успешно поминаа низ Ормуз.

„Бродови разурнувачи на американската морнарица со наведувани ракети во моментов дејствуваат во Арапскиот Залив откако поминаа низ Ормускта Теснина во поддршка на „Проектот слобода““, соопшти командата во објава на социјалната мрежа Икс.

Командата наведе дека американските сили активно помагаат во напорите за враќање на транзитот за комерцијален бродски сообраќај.

„Како прв чекор, два трговски брода под американско знаме успешно поминаа низ Ормуз и се безбедно на пат“, се наведува во соопштението.

Претходно денеска Командата ги негираше тврдењата на иранските сили дека брод на американската морнарица бил погоден од ракети додека се приближувал кон Ормуската Теснина.

„Иранските државни медиуми тврдат дека Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) погодил американски воен брод со две ракети. Вистината е дека ниеден брод на морнарицата не е погоден. Силите на САД го поддржуваат „Проектот слобода“ и одржуваат поморска блокада на иранските пристаништа“, се наведува во соопштението на ЦЕНТКОМ.

Иранските медиуми претходно објавија дека две ирански ракети погодиле брод на американската морнарица што се обидел да влезе во Ормуската Теснина, со што го спречиле во намерата

Back to top button
Close