Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во близина на Техеран

Најмалку осум лица загинаа, а 36 се повредени во пожар во трговски центар западно од иранската престолнина Техеран вчера, објави иранската државна телевизија.

Локалната противпожарна служба соопшти дека облогата на фасадата на изгорената зграда била запалива и дека тоа придонело за брзото ширење на пламенот.

Причината останува непозната.

Иранските медиуми прикажаа видео снимки на кои се гледа густ чад како се издига од местото на инцидентот.

Back to top button
Close