Франција воведува мерки за поддршка на авиоиндустријата поради поскапувањето на горивото

Француската влада подготвува финансиска помош за авиокомпаниите погодени од зголемените цени на млазното гориво, потврди министерот за транспорт Филип Табаро.
Тој на платформата X соопшти дека владата и авио-превозниците на состанок во средата постигнале напредок околу пакетот мерки за поддршка. Мерките би вклучувале одложување на плаќањето придонеси за социјално осигурување, продолжени рокови за даночни обврски и поголема флексибилност во управувањето со резервите на гориво.
Министерот нагласи дека авиопревозниците се под силен притисок и дека владата е решена да им помогне да го пребродат тешкиот период.
Овие најави доаѓаат во време кога европските власти бараат решенија за да се спречат поголеми нарушувања во воздушниот сообраќај во текот на летната сезона. Авиокомпаниите во Европа предупредуваат на можен недостиг на млазно гориво поради глобалните енергетски тензии, при што значаен дел од увозот доаѓа од Блискиот Исток.
Anticiper, adapter, soutenir : c’est le cap que nous fixons pour accompagner le secteur aérien à l’approche de l’été.
Avec Roland Lescure, Serge Papin et Maud Bregeon, nous avons adressé aux acteurs du secteur aérien un message clair : confiance et mobilisation pour la saison… pic.twitter.com/0FiL0GAQmG
— Philippe Tabarot (@PhilippeTabarot) May 6, 2026
Извор: skopje1.mk






