Српски вирусолог откри детали за хантавирусот: „Нема простор за паника како во време на коронавирусот“

Српскиот вирусолог Миланко Шеклер изјави дека најголем број инфекции со хантавирус се регистрираат во Југоисточна Азија и оцени дека нема причина за паника и сценарија слични на пандемијата со коронавирусот.
Тој посочи дека вирусот првпат бил изолиран за време на Корејската војна и го добил името според корејска река. Според него, најмногу случаи има во Кина, Виетнам, Лаос, Тајланд и Камбоџа.
Шеклер објасни дека најчесто заболуваат лица кои престојуваат во природа и доаѓаат во контакт со глодари, како ловци, шумари, дрвосечачи и работници во шумски подрачја, објави Скопје1.мк.






