(ВИДЕО) Левица: Митески плаќа 36 милиони денари за одржување – урбана опрема во распад

„Додека Општина Аеродром од буџетот издвојува 36 милиони денари, и ги префрла на приватна фирма за „одржување“ на урбана опрема, реалноста на терен нè удира во лице: искршени канти, уништени клупи и опасни детски игралишта“, посочува советничката од Левица, Слободанка Ќириќ.

Советничката Слободанка Ќириќ посочи дека од општинскиот буџет биле издвоени 36 милиони денари за приватна фирма задолжена за одржување, но дека граѓаните секојдневно се соочуваат со искршени канти, оштетени клупи и небезбедни детски игралишта.

Од Левица тврдат дека официјалните информации и фотографии објавени на интернет-страницата на Општината прикажуваат сосема поинаква слика од реалната состојба на терен.

Во реакцијата се наведува дека градоначалникот Дејан Митески преку, како што велат, „лажна стварност“ се обидува да ја прикрие неспособноста во управувањето со Општината.

„Водењето општина не е исто што и лепење плакати. Функцијата градоначалник бара капацитет и вистинска работа, а не ПР и празни ветувања“, стои во објавата на Левица – Аеродром.

Back to top button
Close