Општина Карпош: Градоначалникот Лукровски не поднел оставка – користи боледување

„Општина Карпош ги демантира наводите дека градоначалникот Сотир Лукровски си има поднесено оставка. Тој во овој момент користи боледување и е привремено отсутен поради здравствени причини, за што замолуваме за разбирање“ соопштија попладнево од општина Карпош.
Од таму велат дека општината „продолжува да функционира непречено, со целосен капацитет и посветеност кон потребите на граѓаните“.
„Согласно законските процедури, надлежности привремено ќе ги извршува членот на Советот, Неделчо Крстевски. Општина Карпош апелира до јавноста и медиумите за разбирање и почитување на приватноста на градоначалникот и неговото семејство во овој период“ се вели во соопштението.






