СДСМ: ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа


ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа – коментираат од опозицискиот СДСМ откако единствената советничка на Движењето За наша Македонија во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, објави дека го напушта мнозинството и отсега ќе дејствува независно во Советот. Претходно истото го стори и пратеникот Миле Цеков.

Пратеникот Миле Цеков ги напушта ЗНАМ и владејачкото мнозинството

„Веруваме дека постојат уште луѓе во ЗНАМ кои беа измамени и кои не се водени од личен интерес, туку од интересот на граѓаните на Македонија. Ним им порачуваме – не останувајте како соучесници и соработници во најголемото предавство на земјата заедно со криминалната група“,
велат од СДСМ.

Опозиционерите обвинија дека партијата на Максим Димитриевски, финансирана од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, е создадена со единствена цел – растурање на СДСМ.

„Прво ја предадоа својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во тендер коалицијата со најголемиот непријател на Македонија – криминалната организација ВМРО-ОКГ“,додаваат од Социјалдемократскиот сојуз.

Единствената советничка на ЗНАМ во Советот на Општина Прилеп, Мирјана Стеваноска, денеска објави дека го напушта мнозинството во Советот. Рече дека отсега ќе дејствува независно, самостојно, слободно, без политички притисоци, калкулации и без должнички односи кон кого било освен кон граѓаните на Општина Прилеп

Back to top button
Close