Змии низ Скопје: Појави регистрирани во Аеродром, кај Кванташки и во Лисиче
Во изминативе денови, граѓани пријавуваат појава на змии во повеќе делови од Скопје. Снимки и фотографии се споделуваат на социјалните мрежи, а дел од нив завршија и во редакциите на медиумите.

Змии биле забележани на патот меѓу Горно и Долно Лисиче на 29 април, кај Кванташкиот пазар на 11 мај, како и во населбата Аеродром, на улицата „Владимир Комаров“ број 27, на 10 мај.
Иако појавата кај граѓаните предизвикува страв и вознемиреност, експертите посочуваат дека ова не е невообичаена појава за овој период од годината, особено поради повисоките температури и близината на тревни или запуштени површини
Граѓаните се советуваат да не се обидуваат сами да ги фаќаат или приближуваат на змиите објави Скопје1.мк






