Лишен од слобода возачот кој со товарно возило вчера удри пешак на патот Прилеп-Градско

Во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на регионалниот пат Прилеп-Градско, животот го загубил 89-годишен пешак од Росоман.

Како што информираат од МВР, несреќата била пријавена во во ОВР Кавадарци вчера 18:05 часот, кога товарно возило „сканија“ со приколка и кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Ј. (45) од Кавадарци, удрило во пешакот К.Ѓ. (89).

Од здобиените повреди пешакот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина на обдукција. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Кавадарци и по насоки на обвинителот, возачот Р.Ј. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close