Мицкоски: Претпоставувам дека на крајот од овој мој мандат, ќе се вратам меѓу студентите на факултет
Зборувајќи за регионална иницијатива за електрична енергија, премиерот Христијан Мицкоски на „Самитот на Македонија“ изјави дека по завршувањето на неговиот мандат како премиер планира да се врати на работата како универзитетски професор.
„Јас не сум професионален политичар, како што кажавте вие. Јас сум инженер, претпоставувам дека на крајот од овој мандат ќе се вратам меѓу студентите на факултет, за разлика од голем број мои колеги, лидери на држави и премиери во регионот. И сметам дека нешто треба да оставиме во регионот што ќе биде регионална иницијатива“, изјави меѓу другото Мицкоски.






