(ВИДЕО) Милошоски: Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

„Шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, кој одработува за Филипче, Заев и Ахмети, односно за СДС и ДУИ, донесе контраверзна наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино, вреден 167 милиони евра. Ислам Абази, соседот на Али Ахмети од Зајас, си ја одработува добиената функција шеф на ОЈО ГОКК, и по насока на триото Филипче, Ахмети и Заев, донесе одлука да се запре судска постапка во која осомничени меѓу другите беа и членот на СДС и бегалец од правдата Васко Ковачевски, и синот на пратеник од ДУИ, Асмир Јахоски и Ратко Капушевски“ рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, „целата јавност во овој скандалозен случај, виде перење на пари, криминал и труење на животната средина, само Ислам Абази не виде ништо. Постапката е запрена. Бегалецот е слободен. Довербата во правосудството од 2 проценти, со обвинители како Ислам Абази ќе падне и на 1 процент. Пред неколку часа дознавме дека постапката против Васко Ковачевски и другите, за набавка на мазут е запрена. Обвинителството вели дека немале докази, но зарем бегството на Васко Ковачевски не е доказ или силна индиција дека осомничениот бега од правдата?“
„Ковачевски не е во Македонија. Побегна кон крајот на 2024 година и оттогаш за органите на прогонот не е достапен. И наместо тоа да биде дополнителна индиција и мотив Обвинителството да го води овој случај, за обвинителот Абази тоа стана решение да го затвори овој случај. Нема присутен обвинет, нема водење на постапка, особено не ако припаѓаат на спонозорите на Ислам Абази. Ова е трагичната шема по која работат остатоците од власта на СДС и ДУИ во судството и обвинителството“ рече Милошоски.
Тој порача: „ВМРО-ДПМНЕ го повикува шефот на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, веднаш да поднесе оставка, и да ја остави работата на професионалците, коишто поради таквите обвинители како него, не можат да дојдат до израз во правосудството“.






