Малолетничка натепа соученичка – друг ученик снимал со мобилен

МВР информира дека вчера попладне во 13:00 во СВР Скопје, М.Д.(52) од Скопје пријави дека на 08. овој месец околу 12:00 часот во дворот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, неговата малолетна ќерка била физички нападната од нејзина соученичка, при што настанот бил снимен со мобилен телефон од друг малолетник.

Известени биле стручните служби во училиштето, а по целосно расчистување на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци

Back to top button
Close