Апасиев ја исмева правната неписменост на Уставниот суд: „Каков е тој ‘акт’ што сте си го донеле без име – тоа е како доктор да ви рече имате дијагноза на болест што се вика дијагноза?“

Во својот статус, Апасиев со иронија прашува „каков е тој акт“, посочувајќи дека во правната теорија и пракса секој подзаконски правен документ мора да има јасна форма и назив.

Тој преку саркастична споредба со медицинска дијагноза се обиде да ја долови, како што оценува, апсурдноста на ваквото именување на правен документ.

Апасиев во објавата додава дека ваквото, според него, правно „логизирање и незнаење“ е една од причините поради кои државата губи бројни предмети пред Европски суд за човекови права.

 

Back to top button
Close